АНКАРА (AA) – Од денес Турција ги затвора своите граници за патниците од девет европски земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција ги затвори своите граници од 8 часот утрово по локално време за патниците од Германија, Шпанија, Франција, Австрија, Норвешка, Данска, Шведска, Белгија и Холандија“, се наведува во циркуларното писмо со потпис на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Во писмото се наведува дека привремено се запрени и патувањата од Турција во овие земји, а во рамки на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Писмото е упатено до сите канцеларии на гувернери, полициски управи, жандармеријата, Дирекцијата за управување со миграции и единиците за гранична контрола.
Кажано е дека заразувањето се шири бргу во одредени европски земји, вклучувајќи ја и Италија, и дека починуваат голем број лица, поради што, во согласност со препораките од Министерството за здравство и Научниот совет, донесени се низа мерки кои се однесуваат на Германија, Шпанија, Франција, Австрија, Норвешка, Данска, Шведска, Белгија и Холандија.
Државјаните на овие девет земји и државјаните на трети земји кои престојувале во нив во последните 14 дена, од денес нема да можат да влезат во Турција. Истовремено, на државјаните од наведените земји нема да им биде ограничено напуштање на Турција.
Во писмото се наведува дека привремено се запрени патувањата на државјаните на Република Турција во споменатите земји, а како што претходно беше случај со Кина, Иран, Ирак, Јужна Кореја и Италија, во согласност со правилата и процедурите на Министерството за здравство ќе бидат прегледани, под контрола и надзор во траење од 14 дена и евентуален карантин.
Кажано е дека сите надлежни претставници на пониските органи на власта забрзано треба да ги планираат активностите во врска со мерките, да се спроведат и да не се дозволи какво било отстапување и доцнење во врска со примена на одлуката.
Anadolu










