АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа 11 терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.

„Преку операции поддржани од воздух, неутрализирани се 11 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК откриени во подрачјето на Метина во северниот дел на Ирак, заедно со нивните опреми за надзор и извидување“, се вели во ова соопштение.

Во соопштението на турското Министерство за национална одбрана се наведува дека ќе бидат уништени сите позиции на оваа терористичка организација.