Словенија доби нова влада: Собранието го поддржа кабинетот на Јанез Јанша

0
112

Словенија вечерва ја доби својата 14-та влада, откако Собранието го одобри кабинетот на Јанез Јанша.

За владата гласале 52 пратеници “за“, и 31 “против“, објавија словенечките медиуми.

Покрај изборот на Владата, главни теми на дискусија биле борбата против коронарниот вирус и пасивноста на претходниот кабинет пред избувнувањето на епидемијата.

Ова е трета влада на Јанша, во исто време 16 министри се заколнаа пред Собранието дека ќе го почитуваат уставниот поредок, ќе дејствуваат врз нивната совест и на сите сили во корист на Словенија.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц му честиташе на Јанша за формирање на Владата преку Твитер, посочувајќи дека со нетрпение очекува да работи тесно на зајакнување на одличните врски и просперитет на двете земји.