БАГДАД (АА) – Силите на Соединетите Американски Држави (САД) во повеќе градови во Ирак извршија воздушни напади врз групите на вооружената милиција блиска со Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните медиуми, американските авиони извршиле воздушни напади врз единиците на Хашди ал Шаби, шиитската милиција, во повеќе градови во земјата како Бабил, Карбала, Салахадин и Анбар.
Цел на нападот цел била и групата ирачки Хезболах.
Ирачките државни органи сè уште не се произнесоа во врска со случајот.
Anadolu.









