ЕДРЕНЕ (АА) – Грчките погранични сили одвреме-навреме се соочуваат со тешкотии поради спротивниот ефект предизвикан од вентилаторот, што го користат за да го зголемат ефектот на гасните бомби со кои интервенираат врз мигрантите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мигрантите веќе 15 дена чекаат на грчката граница за да го продолжат својот пат кон Европа.

Одвреме-навреме грчките гранични трупи интервенираат врз мигрантите со солзавец, водени топови, како и со пластични и вистински куршуми, кои предизвикуваат смрт и повреди.

Исто така, безбедносните сили, кои честопати врз мигрантите интервенираат со солзавец, користат солзавци со поминат рок.

Со интервенирањето на Грција, во рок од 2 недели повредени се околу 2.500 мигранти. Мароканскиот државјанин Адил Газал, сирискиот државјанин Мухамед Араб и Пакистанецот Мухамед Гулзар беа застрелани.

– Вентилаторот што го користат има спротивен ефект –

За да не се враќа кон нив гасот што го фрлаат кон мигрантите, грчките безбедносни сили од вчера почнаа да користат вентилатор, монтиран на воено возило, со што го зголемуваат и ефектот на диспропорционалната сила што ја користат врз мигрантите.

Одвреме-навреме, грчките безбедносни сили се соочуваат со проблеми од вентилаторот, кој прави спротивен ефект, односно гасните бомби ги повлекува назад, а со тоа се погодени грчките безбедносни сили.

Таа ситуација, како гасните бомби фрлени од грчките гранични единици се враќаат назад, е сниме

Anadolu