АНКАРА (АА) – Турција започна нова антитерористичка операција во три источни области со над 1.000 лица во безбедносниот персонал, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека операцијата „Стапица-8 планина Арарат-Чемче-Мадур“ е со цел да се неутрализираат сите терористи што се кријат во регионите на планините Агри (Арарат), Чемче и Мадур, лоцирани во источните области Агри, Карс и Игдир.
За оваа операција беа формирани околу 62 оперативни тимови од специјалните сили на жандармеријата, полициските специјални сили и другите безбедносни единици.
Не се споменати одредени терористички групи, но терористичката организација ПКК е активна во источна Турција.
„Операциите на Турција против терористите во земјата продолжуваат решително и успешно со општа поддршка“, се додава во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Anadolu









