Во Нигер, во подрачјето на границата со Мали извршен е напад врз безбедносните сили во кој животот го загубија 12 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, во градот Ајору, во подрачјето Тилабери, група неидентификувани лица го нападнале седиштето на силите на Националната гарда на Нигер.
Напаѓачите, кои пред седиштето дошле со мотоцикли, во нападот убиле 12 војници.
По реакцијата на француските сили, кои се дел од „Операцијата Баркан“, прекинат е судирот до кој дошло.
Подрачјето Тилабери, што се наоѓа на границата со Мали, од 2017 година е цел на сериозни терористички напади.
Од 2017 година во подрачјето е воведена вонредна состојба, а администрацијата на Нигер во октомври минатата година им забрани на хуманитарните организации да го посетуваат тоа подрачје без воена придружба.
Во јануари на подрачјето на Тилабери беше нападнат еден воен објект, при што животот го загубија 89 војници.
Anadolu









