Во последните 24 часа во Италија починале 189 лица, 2.651 ново заразени

0
115

Во Италија, во последните 24 часа починале 189 луѓе како резултат на коронавирусот, а 98 проценти се постари од 68 години. Новозаразени се 2.651.

Досега од новиот вирус се излечиле 1.258 лица, што е за 213 пораст од вчера.

Овие бројки ги изнесе Анџело Борели, комесар за вонредни состојби на прес-конференција во италијанската цивилна заштита.

Според Ла Репблика, во моментот хоспитализирани се 1.153 пациенти на интензивна нега, што е за 125 повеќе од вчера.

Во провинцијата Ломбардија се уште е најболно, а денес бројката достигна 6.896.

Во Италија 15.113 лица се зафатени од пандемија на коронавирус од почетокот на пандемијата, што е за 2.651 повеќе од вчера. Вкупниот број на загинати е 1.016.

Од 12.839 пациенти, 6.650 биле хоспитализирани со симптоми, а 5.036 биле во домашна изолација.

Извор: Фактор / Ла Република