Приближно 500 бегалци имигранти кои стапнале нога на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли), приближно една недела како се принудени да чекаат во пристаништето.

Бегалците и мигрантите меѓу кои има и жени и деца и кои пристигнаа на островот по 1 март приближно една недела како се задржуваат присилно во пристаништето на островот Лезбос (турски Мидилли).

450 мигранти се држат на бродот по име „Родос“ во сопственост на грчката флота со којшто ќе бидат превезени во континентална Грција, додека 50 бегалци и мигранти поради тоа што немало место на бродот биле принудени да останат да чекаат до утрото во автобуси во сопственост на општината во областа на пристаништето.

Инаку, грчката Влада со цел да ја спречи бегалско-мигрантската криза на 2 март соопшти дека ги суспендира за еден месец барањата за азил.

Надлежни не објавија било какво соопштение во врска со судбината на бегалците и мигрантите.

Организацијата за следење на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) пак, соопшти дека грчката влада која ги суспендира барањата за азил на бегалците и мигрантите со оваа своја одлука ги прекршува, ѝ меѓународното право, ѝ европското право.

Во соопштението на организацијата се вели следното: „Доколку еден од лицата за кои станува збор биде испратен назад во својата земја без да му се прими барањето за азил, Грција ќе прекрши едно фундаментално човеково право како што е невраќање назад на лицата кои се наоѓаат под опасност од измачување и смрт.“

TrtDubai-Portal