Тинејџерот, идентификуван како 15-годишен, со име Мухаммед Хамајел (Mohammed Hamayel), „почина од куршум директно во глава од страна на израелските окупациски сили „за време на конфликт“, се вели во изјавата во средата на палестинското Министерство за здравство.
Најмалку 13 повредени Палестинци се однесени во болница, додаде Министерството.
Според новинската агенција „Маан“ („Maan“), уапсени се најмалку тројца Палестинци.
Нида Ибрахим (Nida Ibrahim) од Ал „Џезира“ („Al Jazeera“), известувајќи од окупираниот град Рамалах (Ramallah) на Западниот Брег (West Bank), изјави дека медицинските лица на лице место лекувале повеќе од 112 повреди на неколку мина, додавајќи дека најмалку едно друго лице е во критична состојба.
„Мештаните во областа велат дека Џабал ал-Арме (Jabal al-Armeh) [Планината ал-Армех] е многу висока област … едно од највисоките во областа Наблус и доселениците го следат ова место со години, уште од 1980-тите години“, рече Ибрахим ( Ibrahim).
“Палестинците и израелските доселеници се судрија таму. Обично, доселениците сакаат да се населат на висорамнини … на врвот на ридовите … ова е нивниот начин на искористување ако се случи нешто, вклучително и демонстрации”, рече таа.
Демонстрантите поставуваат разни видови на нешта каде што можат да се засолнат, на ридското село на врвот на ридот Џабал ал-Арме (Jabal al-Armeh) уште од 28 февруари, за да ги одвратат нелегалните израелски доселеници од поставување населби.
Градоначалникот на Беита (Beita), Фуад Маали (Fuad Maali), рече дека доселениците преку ноќ го обновиле обидот да стигнат до врвот на планината, но стотици жители на градот застанале да ги запрат.
Повеќето израелски населби во окупираниот Источен Ерусалим (East Jerusalem) и окупираниот Западен Брег (West Bank) се изградени со дозвола од владата, изградени се без дозвола и се противзаконски според израелскиот закон, но продолжуваат да добиваат државна поддршка и финансиска помош.
Според меѓународното право, веќе населбата е нелегална.
Со потпишувањето на Договорите во Осло (Oslo), градењето на населбата требаше да престане, но Израел (Israel) продолжи да ги проширува постојните населби на палестинската земја.
Според новинската агенција „Вафа“ („WAFA“), Палестинците велат дека имигрантите станале разгневени откако во јануари беше објавен планот на американскиот претседател Доналд Трамп (Donald Trump) за Блискиот исток (Middle East), по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (Benjamin Netanyahu) се заложи за анекс на спогодбата.
Палестинските лидери во вторникот го отфрлија одобрувањето на израелското министерство, за патоказ со кој ќе се разделат Палестинците и израелците источно од Ерусалим (Jerusalem) – високо контроверзен потег што треба да помогне во унапредувањето на планот за порамнување во стратешки чувствителниот регион Е1.
Планот на Израел да ја прошири Маале Адумим (Ma’ale Adumim) е замрзнат од 2012 година под меѓународна контрола, до пред да до пред две недели, каде Бенјамин Нетанјаху (Benjamin Netanyahu) истиот повторно го отвори.
Недела пред третите израелски избори, одржани на почетокот од овој месец, Нетанјаху (Netanyahu) вети дека ќе изгради 3.500 нови нелегални домови во регионот Е1 на Западниот Брег (West Bank).
Околу 600.000 израелски доселеници живеат во окупираниот Западен Брег (West Bank), додека Израелско-анексираниот Источен Ерусалим (East Jerusalem), околу 2.9 милиони Палестинци.
Фотографии од неговото џеназе



„Dubai-Portal“










