Мерките на границите остануваат до исполнување на очекувањата на Турција, рече турскиот претседател
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи со сегашните гранични мерки сè додека не се исполнат сите нејзини очекувања, вклучувајќи го и отворање на поглавје за слободно движење, ревизија на царинската унија и финансиска помош од Европската унија, јавува Anadolia.
Ердоган зборувал на редовниот состанок на парламентарните членови на Партијата за правда и развој (АК Парти) во Анкара, осврнувајќи се на тековните настани.
Во фокусот на обраќањето на Ердоган беше мигрантската криза и ситуацијата во Идлиб.
Тој истакнал дека Турција договорила привремен прекин на огнот и други договори во Сирија, бидејќи сака одржливо решение за кризата во Идлиб.
„Ние се согласивме на привремен прекин на огнот и други договори да најдеме, од сите страни, разумно, изводливо и остварливо решение за кризата во Идлиб, не затоа што немаме сила да се бориме против режимот и терористичките организации“, рекол Ердоган.
„Ќе ги оддржиме ветувањата што ги дадовме, се додека режимот и милициите кои го поддржуваат, не ја покажат истата чувствителност. Ако тие не ги исполнат своите ветувања, нема да се воздржиме од тоа да го направиме нашиот одговор уште поострен отколку што беше минатиот пат “.
Тој ја критикуваше Грција за постапувањето со мигрантите на границата меѓу двете земји, велејќи дека ваквиот нехуман третман е варварство.
„Невини луѓе кои немаат друга цел освен да ги спасат своите животи и да им обезбедат подобра иднина на своите деца, да бидат изложени на нехумани дела како што се отворање оган, фрлање солзавец и зовриена вода, представува варваризам во вистинска смисла на зборот“, рече Ердоган, истакнувајќи дека „меѓу она што го направија нацистите и она што го гледаме на грчката граница не прави никаква разлика “.
Ердоган додаде дека „остануваат граничните мерки до исполнување на очекувањата на Турција, отворање поглавја, ревидирање на царинската унија и обезбедување финансиска помош“.
„Неправилниот бран на мигранти кон Европа не само што ќе се ограничи на Грција, туку ќе се прошири на целото Средоземје, бидејќи времето станува потопло“, предупреди Ердоган, додаде Хина.
Ердоган рече дека Турција ќе ги даде своите предлози од самитот на ЕУ на 26 март.








