Палестинската самоуправа бара од Европа да ја признае државата Палестина

0
214

Министерот за надворешни работи на Палестина, во писмото до министрите за надворешни работи на европските земји, побара признавање на државата Палестина.

Ријад Ал-Малики им напишал на министрите на државите членки на ЕУ пред нивната средба на 23 мај, а во своето писмо ја истакна почитта кон резолуциите на ОН и на Советот на Европа за ставање крај на израелската окупација, за воспоставување праведен, инклузивен и постојан мир заснован на границите од 1967 година.

Според извештајот на палестинската новинска агенција Вафа, Ал-Малики ја повика Европската унија да поддржи решение за две држави и да ја признае Палестина како држава.

Тој, исто така, повика на прекин на потегот на ционистичкиот режим, како што е анексија на палестинската земја, кое го нарече воени злосторства.