АНКАРА (АА) – Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека можноста коронавирусот да се појави во Турција е многу висока, иако досега нема пријавено случаи на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Можноста за зараза со вирусот во Турција е многу голема. Можеме само ова да го кажеме: Вирусот сѐ уште не е регистриран во Турција“, изјави Коџа за членовите на Комисијата за здравство на турскиот Парламент.

Тој ги предупреди турските граѓани да преземат мерки на претпазливост против вирусот во текот на наредниот месец.

„Треба да го ограничиме физичкиот контакт со луѓе, да патуваме колку што е можно помалку во странство, да се самоизолираме и да водиме посебна грижа за постарите лица“, додаде тој.

Според Светската здравствена организација, бројот на починати лица од коронавирусот на глобално ниво изнесува над 4.000 лица, со повеќе од 114.00 потврдени случаи во 150 земји.

„Dubai-Portal“