ДИЈАРБАКИР (АА) – Поранешен градоначалник од југоисточна Турција е осуден на над девет години затвор поради обвиненија за тероризам, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Поранешниот градоначалник на Дијарбакир, Аднан Селчук Мизракли, од Народната демократска партија (ХДП), е осуден на затворска казна поради членување во терористичка организација и ширење терористичка пропаганда“, изјавија судски извори кои говореа под услов на анонимност.

Турските власти ја товарат Народната демократска партија (ХДП) за поврзаност со терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.