Мигрант тврди дека грчката гранична полиција врз него истурила зовриена вода, откако се обидел да ја мине границата. Поради стекнатите повреди на лицето и ногата, мигрантот е префрлен на лекување во Едрене, пишува Агенција Анадолија (АА).

Авганистанецот Абдулмуталиб Улимухамед (21), кој пред 10 дена пристигнал во Едрене со цел да премине во Грција, поради поставените барикади пред грчката граница останал да чека во тампон-зоната.

Мигрантот од Авганистан повремено се обидувал да ги помине барикадите заедно со своите пријатели.

Тој тврди дека кога пред два дена ја прескокнал поставената „жилет жичена ограда“ на барикадите, од грчка страна врз него била фрлена зовриена вода, при што добил изгореници на лицето и ногата.

Мигрантот е префрлен во болницата во Едрене со возило на турската брза помош.

– „Господ нека ги благослови Турците“ –

Улимухамед во изјавата за АА тврди дека откако од грчката страна увиделе дека тој ќе ги помине барикадите, грчките полицајци врз него истуриле зовриена вода.

Улимухамед рече дека трагите од грчката тортура ќе ги носи цел живот, додавајќи: „Господ нека ги благослови Турците. Нека заврши конечно тортурата што ја прават Грците.“

Од Државната болница во Едрене информираат дека мигрантот во болницата е донесен со изгореници од 1. и 2. степен. Главниот доктор на Болницата во изјава за АА рече: „Со цел да го исплашат, врз мигрантот е истурена зовриена вода. Во моментов тој се наоѓа во добра состојба. Кон крајот на неделата ќе се чувствува уште подобро.“