Италијанците во обид да ја избегнат епидемијата на корона вирусот на северот на земјата синоќа беа снимени како трчаат кон возовите, само неколку часа пред да започне големата изолација на тој дел од земјата.
Видео објавено на социјалните мрежи од Матео Салвини, лидер на Лигата и поранешен италијански вицепремиер, покажува панична сцена на железничката станица Милано Порта Гарибалди – стотици патници со багаж кои брзаат кон возови, откако синоќа беше објавена вест за планираниот карантин, јавува весникот „Експрес“.
Салвини изјави: „Милано, Порта Гарибалди: голем број луѓе во доцните вечерта на јуриш кон последниот возови што ја напуштаа Ломбардија по нацрт-декретот за корона вирусот издаден од владата“.
Јуришот на возовите дојде откако Италија вчера воведе драстично затворање на својот богат север, вклучувајќи го и финансискиот главен град Милано, во драстично нови напори да се обиде да ја спречи епидемијата на вирусот корона.
Регулативата, донесена од италијанскиот премиер Џузепе Конте непосредно по полноќ, влијае на околу 16 милиони луѓе, вклучувајќи го и регионот Ломбардија и најмалку 14 други провинции, вклучувајќи ги Венеција, Модена, Парма, Пиацена, Реџо Емилија и Римини, и ќе остане во сила до 3 април.









