Најмалку 32 лица загинаа во вчера (сабота) откако танкер со гориво се удри со два автобуси и неколку други возила на патот што го поврзува главниот град на Сирија со провинцијата Хомс, јавуваат државните медиуми.

Проблемот на патот предизвикал паѓање на танкер врз 15 возила и два големи автобуси во кои превезувале неколку ирачки патници, изјави министерот за внатрешни работи Мохамед Калед ал-Рахмун при преглед на местото на несреќата пред Дамаск.
Во несреќата повредени се уште 77 лица, додаде тој, во коментарите на САНА.
На снимките, објавени на државните медиуми, се гледаат екипите за спасување распоредени околу остатоците од два автомобила.
За жртвите се верува дека станува збор за ирачки шиитски верници кои биле во посета напосета светилишта во близина на главниот град.
Светите места во Сирија остануваат популарни кај шиитските верници од целиот регион, и покрај осумгодишната војна што расели милиони.








