АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговата сопруга, првата дама Емине Ердоган, упатија честитки по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Упатувам честитки до жените, кои играат клучна улога во обликувањето на нашата иднина со своето жртвување, напорите, љубовта и борбата, и кои се првите учители на човештвото, денес на 8 Март, Меѓународниот ден на жената“, напиша претседателот Ердоган на Твитер.
Првата дама Емине Ердоган исто така објави порака на Твитер, честитајќи им го на сите жени 8 Март, Меѓународниот ден на жената, и изрази надеж дека сите жени ќе ги добијат своите потполни права.
„Жените се сите наши засолништа, како што се татковината, мајчиниот јазик, мајчиниот дом и Анадолија“, напиша таа, поврзувајќи ги корените на Анадолија, срцето на Турција, со турскиот збор „ана“ што значи мајка.
„Нашите жени, кои постојано произведуваат, секогаш се стремат да обезбедат храна, да работат и да негуваат нешто, се ѕвездите водилки на Турција“, додаде првата дама на Турција во својата порака.









