Вчера израелските окупаторски власти ги демолираа палестинските домови по 176-ти пат во палестинското Бедуинско село, Ал-Аракееб (Al-Araqeeb) во Негев (Negev).
Селото за прв пат беше срамнето со земја во јули 2010 година и секој пат кога жителите на Ал-Аракееб (Al-Araqeeb) ќе се обидеа да ги реновираат своите шатори и мали домови, окупаторските сили доаѓаа да ги уништат, понекогаш еднош а понекогаш и повеќе пати во месечно.
Куќите на Ал-Аракееб (Al-Araqeeb), каде живеат преку 20 палестински семејства, се направени од дрво, пластика и брановидно железо.
Сместено во пустината Негев (Negev), селото е едно од 51 „непризнаени“ арапски села во областа и постојано е насочено кон рушење, според плановите за заземање на Негев (Negev), изградба на домови за нови еврејски заедници. Израелските булдожери, срушија сè, од дрвја до резервоари за вода, но Бедуините после секое рушење, се трудат повторно да ги направат.
Бедуините во Негев (Negev) мора да ги почитуваат истите закони како еврејските израелски државјани. Тие плаќаат даноци, но не ги уживаат истите права и услуги како Евреите во Израел (Israel), а државата постојано одбива да ги поврзува градовите со националната мрежа, водоснабдувањето и другите витални удобности.
Судот во својата пресуда рече дека селаните „влегле во државно земјиште“ со обновата на уништените домови, а како што знаеме тие се нивни земјишта.
Пренесува „MEM“, за „Dubai-Portal“










