Грчките безбедносни сили интервенираа врз мигрантите со гасни бомби и водени топови

by Administrator

Грчките безбедносни сили интервенираа интензивно со гасни бомби и водени топови врз мигрантите кои чекаат во тампон зоната на границата помеѓу Грција и Турција.

Стотици мигранти кои продолжуваат со чекање во тампон зоната на граничниот премин Пазаркуле кај Едирне, под дејство на ненадејната интервенција со гасни бомби се разбегаа во паника.

Од страна на Грција беше интервенирано врз мигрантите и со водени топови.

Притоа за време на интензивната интервенција беа подложени на негативното влијание на гасните бомби голем број мигранти меѓу кои се наоѓаа и деца.

На оние кои беа подложени на влијание на употребениот гас им беше укажана помош во амбулантните возила во областа.
Trt

You may also like