Иран: Индија мора да прекине со убиствата на муслиманите како би избегнала изолација

0
131

Лидерот на исламската револуција на Иран, ајатолахот Сејид Али Хаменеи, предупреди дека доколку владата на Индија продолжи со масакрот на муслиманите, ќе мора да се соочи со изолација во исламскиот свет.

Тој ја соопшти објавата на Урду, Англиски и Персиски јазик на Твитер, осудувајќи ги бруталните убиства на повеќе од 40 муслимани за време на четиридневниот бран насилства во Њу Делхи, кој започна на 23 февруари.

„Срцата на муслиманите ширум светот жалат поради масакрот на муслиманите во Индија“, рече ајатолахот Хаменеи.

„Владата на Индија треба да се спротивстави на екстремистичките хиндуисти и нивните партии и да престане со масакрот на муслиманите со цел да се спречи изолацијата на Индија од светот на исламот“, се вели во соопштението на официјалниот профил  Khamenei.ir.

Во последните денови, радикалните хиндуси на улиците мачеа и убиваа десетици муслимани, запалувајќи неколку џамии, куќи и трговски центри.

Во понеделникот иранскиот министер за надворешни работи, исто така, по пат на Твитер  ги повика индиските власти да ги заштитат сите граѓани и да не му дозволат да ги надмине бесмислените дивеење и убиства на улиците.

Индија после тоа упати протест  преку иранскиот амбасадор во Индија за овие „неприфатливи коментари“.