ТУНИС (АА) – Едно лице загина, додека четири се повредени во самоубиствениот напад во близина на Американската амбасада во Тунис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на државната новинска агенција на Тунис, ТАП, двајца напаѓачи самоубијци извршиле бомбашки напад во близина на Американската амбасада во Тунис, при кој загинало едно лица припадник на безбедносните сили, додека четири лица се повредени.
Во писменото соопштение на туниското Министерство за внатрешни работи се наведува дека двајцата напаѓачи кои го извршиле нападот, ја таргетирале безбедносната контролна точка во близина на Американската амбасада.
Безбедносните извори нагласија дека двајцата напаѓачи загинале.








