Ердоган: „Примирјето во Идлиб стапува вечерва на полноќ”

0
198

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека примирјето во Идлиб ќе стапи во сила вечерва од полноќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во рамки на посетата на Русија, се состана со неговиот руски колега, Владимир Путин, а по тет-а-тет средбата се одржа и меѓуделегациската средба на делегациите на Турција и Русија.

По овие средби, претседателите на Турција и Русија одржаа заедничка прес-конференција.

Фотографија на AK Parti.

Турскиот претседател Ердоган се осврна на настаните во Сирија, пред се во Идлиб.

„Режимот со својата агресија е главниот одговорен за случувањата кои предизвикаа нарушување на договорот за Идлиб“, рече Ердоган.

Фотографија на AK Parti.

Тој информираше дека прекинот на огнот во Идлиб ќе стапи во сила вечерва од полноќ, и додаде: „Примирјето (во Идлиб) ќе стапи в сила почнувајќи од 00:01 на полноќ“.

„Во најкратко време ќе се спроведе примирје, а потоа брзо ќе ги направиме другите чекори за кои заедно ќе одлучиме“, додаде турскиот претседател.Фотографија на AK Parti.

Турскиот претседател рече дека јасно е оти главната цел на режимот е одредени места во Идлиб да ги остави без население и со притисокот за миграција Турција да ја стави во тешка ситуација.

„Турција во овој процес ќе го задржи правото да одговори на целиот терен со сета своја сила против било каков напад на режимот“, истакна Ердоган.

Според него, неизбежно е да се создаде нов статус во Идлиб по тажните настани што се случија со агресијата на режимот кој ги таргетира турските војници.

„Духот за соработка кој го имаме со Русија, даде придонес без преседан за меѓународните напори за ставање крај на конфликтот во Сирија“, рече Ердоган, додавајќи дека сакаат да ги продлабочат нивните деловни односи.

„Турција е решителна да ги продолжи иницијативите во регионот, вклучувајќи го и договорот од Сочи, се додека да се најде решение за сириската криза врз основа на територијалниот интегритет и политичкото единство на оваа земја. Уште еднаш сакам да истакнам дека преговарачката маса формирана во Женева е единствениот клуч на постојаниот мир и стабилност“, рече Ердоган, на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин, во Москва.