АНКАРА (АА) – Поранешниот фудбалер на Бразил, фудбалската ѕвезда Роналдо де Асис Мореира познат како „Роналдињо“, приведен е во Парагвај поради тврдење дека поседува фалсификуван пасош, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Роналдињо и неговиот брат Асис влегле во земјата за да присуствуваат на добротворна манифестација во главниот град на Парагвај, Асунсион. При проверка на идентитетот во хотелот каде што престојувале увидено е дека користат фалсификуван пасош.

Наведувајќи дека Роналдињо и неговиот брат се приведени во хотелот каде што престојувале, министерот за внатрешни работи на Парагвај, Еуклидес Асеведо, рече дека двајцата ќе бидат сослушани од полицијата и дека ќе биде решено дали ќе бидат уапсени или не.

Роналдињо од страна на ФИФА беше избран за фудбалер на годината двапати во кариерата. Се тврди дека минатата година во Бразил му биле запленети 57 недвижни објекти од неговиот имот поради долговите и казните. Исто така одземен му е бразилскиот и шпанскиот пасош.

Роналдињо, кој е прикажан како еден од најталентираните играчи од средниот ред во светот, за време на својата фудбалска кариера играше во европски тимови како што се Париз Сен Жермен, Милан и Барселона.