Во воздушни напади на руските сили во дескалациска зона на Идлиб, убиени се 16 цивили.

Од извори, од кои и „Белите шлемови“, соопштија дека 18 други се повредени.

Image

Сириската опозициска опсерваторија за воздушен простор соопшти дека руските авиони ги имале за цел цивилите што се засолниле на една фарма во Маарат Мисрин, град во Идлиб.

Image

Напорите за пребарување и спасување во областа се во тек.

Режимот на Башар ал Асад и неговите сојузници извршуваат интензивни воздушни и копнени напади врз населените области во деескалациската зона во Идлиб.

Во септември 2018 година, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија се строго забранети.

Image

Но оттогаш, во нападите на режимот и режимските сили, коишто го прекршија прекинот на огнот, загинаа повеќе од 1.800 цивили од 2018 година и во новиот напад, што започна на 12 јануари.

Повеќе од 1,7 милиони Сиријци се преселија во близина на турската граница поради интензивните напади во текот на изминатата година.

Турција останува земја со најмногу бегалци во светот, а од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, таа е домаќин на повеќе од 3,7 милиони Сиријци.

АА/Dubai-Portal