АНКАРА (АА) – Девет терористи на ПКК, од кои 4 е во областа Авашин, а 5 во Хакурк, се неутрализирани во операцијата на турските безбедносни сили поддржана од воздух, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција на својот официјален Твитер профил.
„Неутрализирани се вкупно 9 терористи на ПКК, 4 во областа Авашин, 5 во Хакурк, со операцијата поддржана од воздухот. Операциите ќе продолжат се додека не се неутрализира и последниот терорист“, се вели во објавата на Министерството за национална одбрана на Турција.










