АНКАРА (АА) – Најмалку 9 лица загинаа во налет на торнадо коешто во текот на ноќта ја погоди американската сојузна држава Тенеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Најмалку 9 лица загинаа во централниот дел на Тенеси како резултат на бурата во текот на ноќта“, напиша на Твитер Џош Бреслоу, новинар на локалната ВКРН-ТВ од Нешвил, Тенеси.
„Полицијата соопшти дека двајца загинале во источен Нешвил, шерифот на округот Бентон изјави дека таму има една жртва, а ТЕМА [Агенцијата за управување со вонредни состојби на Тенеси] извести за четворица загинати во округот Путнам и за двајца во округот Вилсон“, додаде Бреслоу.
ТЕМА соопшти дека почнувајќи од вчера, минало силно невреме низ Тенеси, нанесувајќи голема штета на куќите, зградите, патиштата, мостовите и деловните објекти во неколку окрузи.
Од ТЕМА додаваат дека штети од торнадото се пријавени и во западниот и цо централните делови на Тенеси, како и во градот Нешвил.
Агенцијата потврди дека се пријавени повеќе жртви без да сподели дополнителни информации, и додаде дека не е познат точниот број повредени лица.










