ИДЛИБ (АА) – Дванаесет цивили го загубија животот во нападите на режимот на Асад и Русија во деескалационата зона во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Во нападите извршени од режимот и од воените авиони на неговиот поддржувач, Русија, врз центарот на градот Идлиб, врз областа Бениш и врз селото Удван во регионот Сехил Руџ загинаа дванаесет цивили.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Голем број повредени цивили се пренесени во болница.

Според информациите добиени од извори од Цивилната одбрана (Бели шлемови), во ракетниот напад на режимските сили врз центарот на Идлиб животот го загубија 9 цивили од кои 4 се деца, а во селото Удван загинаа двајца цивили во напад со артилериско оружје.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Според опозициската опсерваторија на воздушниот простор, во нападот на Русија во областа Бениш животот го загубил еден цивил.

– Последната ситуација во Идлиб –

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.

Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.

На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за формирање 4 деескалациони зони во Идлиб и соседните покраини (Латакија, Хама и Алепо).

Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија, ја зазедоа контролата врз овие деескалациони зони, со исклучок на Идлиб.

Стотици илјади цивили, што избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.

Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година меѓу Русија и Турција.

Русија, режимот, како и терористите поддржани од Иран што изведуваат напади во деескалационата зона во Идлиб, само од почетокот на 2019 година досега се причина за раселувањето на околу 1 милион и 942 илјади цивили кон местата во близина на границата со Турција.

Над 1.800 цивили загинаа како резултат на бомбардирањата.