КЕЛН (АА) – Со бои во спреј напишани се заканувачки пораки на ѕидот на една џамија во подрачјето на Фафенхофен во германската сојузна покраина Баварија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Едно лице синоќа околу 04:00 часот дошло во џамијата во Фафенхофен при Турската исламска заедница во земјата (ДИТИП), и на ѕидот на џамијата напишало заканувачки пораки, додека безбедносните камери го снимиле овој акт.
Според снимките од безбедносните камери, неидентификуваното лице напишало заканувачки пораки на ѕидот, а потоа го напуштило местото.
Полицијата започна истрага за овој случај.










