Турција: Во операцијата „Пролетен штит“ срушен воен авион на сирискиот режим

by Administrator

АНКАРА (АА) – Во рамки на операцијата „Пролетен штит“ срушен е воен авион на сирискиот режим, од типот „L-39“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.

„Во рамки на операцијата „Пролетен штит“, што успешно продолжува, срушен е воен авион на режимот од типот L-39“, се истакнува во соопштението.

You may also like