ИДЛИБ (АА) – Најмалку девет цивили загинаа во воздушен напад на руски авиони врз местото Фуа, во сириски Идлиб, јавува Агенција Анадолија (AA).
Руските авиони во текот на целиот ден изведуваат напади на линијата на фронтот и одредени населени места во Идлиб. Во местото Фуа, според најновите информации, загинаа најмалку девет цивили, а голем број се ранети.
Фуа и Кеферија од јули 2018 година се под опсада на антирежимските вооружени групи и опозициската војска, а цивилите од овие региони се евакуирани.
Како одговор на споменатите евакуации, режимот на Асад им дозволи на илјадници цивили од камповите Мадаја, Зебадани и Јермук да одат кон Идлиб, а еден од нив го насели подрачјето на Фуе.










