Се потврди информацијата дека утрово во 10:30 часот по локално време, сириската армија се врати во Саракиб (Saraqib). САА ја протера Турција и останатите после една недела владеење. Стратешкиот град на автопатот М5 утрово повторно е во функфија а исто и патот Хама-Алепо (Hama-Aleppo).

Вчера попладне и синоќа силите на Хезболах (Hezbollah) влегоа во четири големи села јужно од градот, а потоа силите од 25-та Дивизија за специјални операции започнаа напад од исток и ја принудија Турција да се повлече во Наираб (Nairab).

Покрај ослободувањето на Саракиб (Saraqib), како што е веќе објавено, руското Министерство за одбрана ја предупреди турската војска дека веќе не може да ја гарантира безбедноста на турските авиони над Идлиб, бидејќи сириското Министерство за одбрана го затвори воздушниот простор над северозападниот регион. Во ова предупредување беше опфатено и соболување на „турски извидувачки беспилотни летала“, кои претходно имаа право да ја следат ситуацијата во Идлиб. (Idlib)

Dubai – Portal