Писмо со навредливи и расистички пораки беше испратено до џамијата во германскиот град Ханау, јавува Anadolu Agency (AA).
Тоа е џамија која работи под покровителство на Турската исламска заедница Дијанет (ДИТИБ) (Diyanet) (DITIB), во град во кој загинаа 9 лица минатата недела во расистички терористички напад, од кои четири Турци.
Писмото ги навредува странците и муслиманите, како и оние кои ги загубија животите во расистички терористички напад.
Салих Озкан (Salih Özkan), претседател на Дијанет (Diyanet) (DITIB) во провинцијата Хесен (Hessen), рече дека расистичкото писмо пристигнало во џамијата попладне, по што веднаш ја известиле полицијата која ја започнала истрагата.
“Во моментите кога сè уште чувствуваме болка од она што се случи во Ханау (Hanau), испраќање писмо како ова е нешто навистина ужасно и нехумано и дополнително загрижувачки“, рече Озкан (Özkan).







