Научниците открија протеин во метеорит

by Administrator

АНКАРА (АА) – Научниците за првпат открија протеин во метеорит, за кој велат дека не потекнува од Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на интернет-страницата „Newatlas“, научниците од Универзитетот „Харвард“ во метеорит откриле претходно непознат протеин.

Се вели дека овој протеин кој истражувачите го нарекоа хемолитин, содржи железо и литиум.

Истражувачите нагласија дека хемолитинот откриен во метеоритот „Acfer 086“, во 1990 година во Алжир, во голема мера се состои од глицин, и е покриен со железо, литиум и кислород.

Исто така, научниците велат дека хемолитинот може да игра важна улога во постоењето живот на кое било место во универзумот, и дека ова откритие може да претставува знак за тоа дека е можно да има живот надвор од Земјата.

You may also like