ЕДРЕНЕ (АА) – Бегалците и понатаму доаѓаат во северозападната турска област Едрене од каде што се обидуваат да преминат во некоја од европските земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, претходно соопшти дека преку Едрене досега Турција ја напуштиле над 100.000 нерегуларни мигранти.
Нерегуларните бегалци кои за премин ги користат и копнените и речните гранични линии главно ги користат речните премини. Интензивното нерегуларно движење на миграциите е воочено во пограничните села.
Бегалците од Турција во колони тргнаа кон Европа преку областа Едрене која се наоѓа на турската граница со Грција и Бугарија.
Во надеж дека Грција ќе ја отвори границата, голем број деца сѐ уште чекаат во тампон-зоната меѓу граничните премини Пазаркуле и Кастаниес.
Сѐ почести се судирите меѓу бегалците кои имаат намера да ја преминат границата и припадниците на грчките сили кои тоа не им го дозволуваат.









