Турските вооружени сили (ТСК), Сириската национална војска и умерената опозиција, во рамките на операцијата „Пролетен штит“ во последните 24 часа под своја контрола вратија девет села кои режимот на Башар ал Асад ги зазема игнорирајќи го Договорот од Астана и Сочи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските вооружени сили и умерената опозиција, во рамките на „Пролетниот штит“ започнаа операција кон подрачјата јужно од Идлиб и на перифериите на Хама, кои беа заземени од режимот на Асад и неговите сојузници.
Со артилериска поддршка на турските сили, силите на умерената сириска опозиција напредуваа во борбата против силите на режимот на Асад. Силите не режимот претрпеа големи загуби, уништени се најмалку 6 тенка, 7 артилериски гнезда, 14 воени возила, а неутрализирани се најмалку 46 војници на режимот.
Од вчера досега, умерената опозиција воспостави контрола над селата Анкави, Кахира, Манавра и Тал Заџрен, на периферијата на Хама и во селата Халубе, Кукфин, Кефер Авид, Сфухен и Фатере во јужниот дел на Идлиб.
Во тек се интензивни судири меѓу силите на режимот составени од војската на режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран.








