Палестинско момче, кое беше застрелано во лице од израелски полицаец, го изгуби левото око.

Осумгодишниот Малик Иса (Malik Issa) беше на пат за дома заедно со трите сестри по училиште во соседството Исавија, во окупираниот Источен Ерусалим (East Jerusalem), кога беше застрелан во лицето, од страна на израелски окупаторски офицер минатата недела.

Неговиот татко изјави за новинската агенција „Сафа“ („Safa“) дека откако бил пренесен во болница, лекарите сфатиле дека тој страда од крварење во мозокот, претрпел скршеници на черепот и имал огромно оштетување на левото око.

И покрај обидот на лекарите да му го спасат окото, тие не можеа и мораа да оперираат, за да престане да се влијае на десното око, објасни тој.

Јавува „MEM“, за „Dubai-Portal“