ХАТАЈ (АА) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, истакна дека Турција успешно ја спроведува операцијата „Пролетен штит“, започната по свирепиот напад на 27 февруари во Идлиб, Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Турција нема намера да влезе во судир со Русија во Идлиб, туку да ги запре масакрите на Асад, да ги спречи радикализацијата и раселувањето“, нагласи Акар од Центарот за тактичка команда во Хатај, близу границата со Сирија.

Тој истакна дека досега се неутрализирани 2.212 војници на режимот, три система за воздушна одбрана, 72 парчиња тешка артилерија, 103 тенкови, 8 хеликоптери.