АНКАРА (АА) – Со брз пораст на бројот во текот на ноќта, до утринава Турција ја напуштиле 76.300 нерегуларни мигранти движејќи се кон Европа, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на мигранти кои ја напуштаат нашата земја [Турција] преку Едрене изнесува 76.358, заклучно со 09:55 часот наутро. [0655 GMT]“, напиша Сојлу на Твитер.
Мигрантите ја напуштаат Турција преку северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.

Илјадници мигранти се упатија кон Пазаркуле, граничниот премин со Грција, откако турските власти во петокот објавија дека повеќе нема да ги спречуваат нерегуларните мигранти на нивниот пат до Европа.
Тоа следуваше по нападот од страна на силите на сирискиот режим врз турските трупи во деескалациската зона во Идлиб, во кој загинаа 36 војници.

Турските сили се во Идлиб за да ги заштитат цивилите според Договорот од септември 2018 година постигнат со Русија, според кој се забранети сите акти на агресија во тој регион.
Турција веќе е домаќин на 3,7 милиони мигранти само од Сирија, згрижувајќи најмногу мигранти од која било друга земја во светот.

Анкара континуирано апелираше дека Европа ги нема исполнето дадените ветувања во рамките на Договорот меѓу ЕУ и Турција склучен во 2016 година за помош на мигрантите и за запирање на идните бранови мигранти.










