Ердоган: Досега се убиени над 2.100 припадници на сирискиот режим

by Administrator

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека бројот на турски војници кои ги положија животите како шехиди во Идлиб, Сирија, се зголемил на 36, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган порача дека крвта на загинатите турски херои (шехиди) нема да остане онеосветена, и дека досега се убиени над 2.100 припадници на сирискиот режим, и уништени се близу 300 возила.

Турскиот претседател истакна дека речиси 4 милиони луѓе се движат кон турската граница поради крвавите напади на сирискиот режим, додека 1,5 милиони моментално се наоѓаат на границата.

„Турција е домаќин на 3,7 милиони Сиријци и не може да се справи со уште еден прилив на бегалци,“ нагласи Ердоган на собир во Истанбул.

Тој рече дека Турција не е во Сирија по покана на режимот на Асад туку на народот на Сирија, и нема да замине додека сирискиот народ не го побара тоа.

„Турција не е заинтересирана за нафтата или територијата на Сирија, ние само сакаме да ги осигураме нашите граници со безбедносна зона“, порача Ердоган и додаде дека само во Сирија има 40.000-60.000 обучени, опремени терористи.

Потсети дека во терористичките напади на ПКК во Турција во последните 36 години загинале речиси 7.500 припадници на безбедносните сили и 6.800 цивили.

You may also like