Дури сега почнува хаосот: Турција одлучи, милиони бегалци ќе ги пушти во Европа !

0
123

Турција донесе одлука повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море, изјави турски официјален претставник за Ројтерс во четвртокот.

Турски предсставник ова го изјави очекувајќи масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, дом на еден милион раселени лица.

На турската полиција, крајбрежната стража и граничарите им е наредено да се држат настрана, истакналрежимските официјалниот претставник.

Претходно во четвртокот, локален сириски гувернер објави дека девет војници биле убиени во напад врз турската армија во Идлиб.

Но, Сириската опсерваторија за човекови права објави дека 34 војници загинале во ескалацијата што може да предизвика остар одговор од Анкара.

Гувернерот на провинцијата Хатај, која граничи со Сирија, ги обвини нападите врз режимските силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот вечер свика вонредна седница на Советот за безбедност на Анкара, на која присуствуваа министерот за одбрана и началниците на тајната служба.

Според турските медиуми, се разговарало за состојбата во Идлиб.

Турција испрати илјадници војници во таа гранична сириска провинција и започна невидена инвазија за поддршка на бунтовниците против офанзивата на режимот на претседателот Асад.

Речиси еден милион Сиријци избегаа во последните три месеци, во најголемиот егзодус од почетокот на војната.

Според опсерваторијата, владините сили, со помош на руската армија, во последните три дена окупирале околу 60 проценти од областа во јужниот Идлиб и во соседната провинција Хами.

Претходните разговори меѓу Анкара и Москва за решавање на конфликтот во Идлиб не дадоа значаен резултат.