АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили во текот на ноќта извршија жестоки напади врз позициите на силите на Башар ал Асад во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Неименуван безбедносен извор истакна дека турските сили извршиле воздушни и артилериски напади врз елементите на режимот на Асад, а моментите на нападите се снимени од беспилотните летала.

На снимките се гледаат моментите на нападите врз конвој со оклопни возила на режимот, елементи во движење, касарна и складишта со оружје.

Нападите се одговор на воздушниот напад што силите на Асадовиот режим го изведоа врз Турските вооружени сили во Идлиб, во кој 33 турски војници ги положија животите како шехиди.