Муслиманите вечерва (27 февруари, во четврток вечер) ќе ја одбележат светата ноќ Лејлетул Регаиб (Регаип Кандил) која во исламскиот свет се смета како наговесник на трите свети месеци, Реџеп, Шабан и Рамазан, исполнети со милост и берикет-изобилство.
Светата ноќ Лејлетул Регаиб се слави ноќта што ги поврзува првиот четврток и петокот од месецот Реџеп, од трите свети месеци кои се од големо значење за исламскиот свет, а исто така се смета и како „ноќ на милоста и берикетот“.
По повод Лејлетул Регаиб од страна на Генералната дирекција за верски услуги при Претседателството за верски прашања ќе бидат организирани различни програми и манифестации.
Ќе бидат организирани специјални програми, ќе се чита Куран-и Керим и мевлид и ќе се донесуваат салавати во голем број џамии низ Турција како а пример џамијата Миллет во Бештепе во главниот ргад Анкара, џамијата Гедик Ахмет Паша во Афјонкарахисар, џамијата Сабанџи во Адана, џамијата Ејуп во истанбул, џамијата Кампус во Конја и голем број други џамии.








