„Арапската лига“ вчера повика на испраќање меѓународни сили ,за заштита на окупираните палестински територии, имено градот Хеброн (Hebron) на Западниот Брег (West Bank), јави новинската агенција „Шехаб“ („Shehab“).

Одбележувајќи ја 26-годишнината од масакрот извршен од екстремистички израелски еврејски доселеник во џамијата „Ибрахими“ („Ibrahimi“), Арапската лига ги осуди ескалирачките напади на израелските доселеници врз срцето на Хеброн (Hebron).

Во изјавата се посочува дека израелската окупација има за цел да го јудаизира палестинскиот град со зголемување на бројот на напади на доселениците, како и со спречување на муслиманите да се извршуваат намази во џамијата Ибрахими“ („Ibrahimi“).

Според изјавата,„ Арапската лига повика на спроведување на условите од „Четвртата Жененевска конвенција“ што спречува вакви масакри и други терористички акти извршени врз палестинскиот народ.

„Оваа годишнина се совпаѓа со ескалацијата на израелската агресија врз палестинските права и постоењето на суштинското право на создавање независна палестинска држава ,на границите од 1967 година со Источен Ерусалим (East Jerusalem) како нејзин главен град“, се вели во соопштението.

Во изјавата се предупредува за неодамнешната одлука на Израел (Israel) за инсталирање лифт во палестинското свето место што има за цел да го засили израелското еврејско постоење, нагласувајќи дека ова „ќе има опасни последици“.

На 25 февруари 1994 година, екстремистичкиот израелски еврејски доселеник Барух Голдстејн (Baruch Goldstein), отвори оган врз палестинските верници за време на молитвата во Фајр (зора) во џамијата, при што загинаа 29, а беа повредени околу 200 други.

За време на протестите против масакрот, израелските окупаторски сили убиле 20 Палестинци и повредени над 150.

Оттогаш, израелската окупација ја затвори главната улица во градот и ја дели џамијата на два дела – една за Палестинците и една за Евреите. За време на еврејските празници, Израел ги спречува Палестинците да влезат во џамија.

Пренесува: „Dubai – Portal“

Пишува: „MEM“