АНКАРА (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека во текот на оваа година на турските безбедносни сили им се предале 48 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи во Уредничкиот деск на Агенција Анадолија (АА) во Анкара, Сојлу изјави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК се потпира на рамењата на жените, со нивно учество во терористичките акти од 56 отсто.

„Сите наши институции се вклучени во борбата против тероризмот, но ќе заврши само со храброста на мајките“, рече Сојлу.

Протестите на мајките, чии деца се врбувани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во југоисточна Турција, започна минатиот септември. Нивната упорност убеди многу млади регрути да се вратат дома.

Сојлу рече дека источните и југоисточните области на Турција ќе напредуваат и ќе станат центар за производство на текстил во следните 10 до 15 години.

Министерот за внатрешни работи нагласи дека Турција депортирала над 7.900 странски терористи од 102 различни националности.

„Турција исто така забрани влез на над 90.000 странски лица поврзани со терористичките организации“, додаде турскиот министер за внатрешни работи.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.