Претседателот Ердоган е роден на 26 февруари 1954 година, во Истанбул. Во текот на 1967 година, Ердоган живеел во Истанбул. Завршил на факултетот на факултетот за менаџмент во 1981 година. На осумнаесет години стапил за прв пат во политичките води. Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.

За градоначалник на Истанбул беше избран на локалните избори од 27 март 1994 година.  Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележа победа на парламентарните избори. Во почетокот, Ердоган не беше премиер, туку на таа функција стапи на 14 март 2003 година.

Како премиер, Ердоган спроведе бројни реформи. По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ беа отворени за време на неговиот мандат. Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.

Во 2009 година, Ердоган стана популарен помеѓу арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција беше пречекан како национален херој. Во текот на 2010 година, тој ја посети Атина, што претставуваше историски настан за односите помегу двете земји.

По повод роденденот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, голем број порaки преку социјалните мрежи.

Членови на претседателскиот кабинет, пратеници, политичари, уметници и голем број турски спортисти и граѓани им го честитаа претседателот Ердоган на неговиот роденден.

Сликата на мајката на претседателот, Тензил Ердоган, често се споделуваше преку Твитер.