ИДЛИБ (АА) – Четворица цивили загинаа во нападите на воените авиони на Русија во Зоната за деескалација во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Асадовиот режим и неговиот поддржувач, Русија, продолжуваат со копнените и воздушните напади во Идлиб.
Според опсерваторијата при воената опозиција, руските воени авиони изутрина извршиле воздушен напад во селото Еренбе.
Според информациите добиени од тимовите на Цивилната одбрана, во овој напад загинале четворица цивили.
Од друга страна, Асадовиот режим изврши интензивни копнени и воздушни напади во населените места Кефер Увеид, Ернебе, Кенсафра, Сермин, Куменјас и Нејраб.










