11 луѓе загинаа, а преку 150 се повредени во Њу Делхи, за време на протестите против новиот контроверзен закон за државјанство на Индија, само неколку часа пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на земјата.

Шест цивили и полицаец се убиени, пренесува Би-Би-Си.

Новиот бран на насилство во областите со мнозинство муслимани во северо-источниот дел Делхи, започна во неделата и продолжи во понеделникот. Ова е првпат еден член на безбедносните сили да биде убиен во немирите што се шират низ Индија, кои избувнаа кон крајот на минатата година.

Пренесува: Dubai-Portal

Пишува: BBC