Во источниот дел на Јемен, во областа Ел Мехра извршен е напад врз војската во кој животот го загубија пет војници, а еден е ранет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, на единицата составена од војници на Јемен и Саудиска Арабија, поставена ѝ е стапица на патот кон граничниот премин Шахан на Јемен со Оман.
Нападот е извршен на просторот меѓу градовите Шахан и Хат кои се наоѓаат во областа Мехра, при што оклопните возила биле гранатирани со ракети. Во нападот животот го загубија пет јеменски војници, а еден војник е ранет.
Во последно време во градот Мехра кој се наоѓа на границата со Оман, доаѓа до чести судири меѓу единиците приврзани на актуелната власт, поддржани од коалициските сили предводени од Саудиска Арабија и вооружени припадници на племињата кои живеат во градот.
На 18 февруари, конвојот на специјалните сили на власта поддржани од силите на арапската коалиција беше нападнат од „група вооружени востаници“.
Претседателот на Јемен, Абдурабу Мансур ел Хади, пред два дена го разреши гувернерот на Мехра.









