Ноќеска на Инфективната клиника во Скопје се вршеше тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип кое пристигнало од Милано. Пациентот е ставен во изолација откако во 22 часот побарал лекарска помош на Клиниката за инфективни болести. На скопскиот аеродром поминал низ термалната камера, која кај него не регистрирала покачена температура, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома.
Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Пациентот, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол.
Пренесува: Dubai-Portal
Пишува: NovaTV










